Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста ковид-19.
Општина Куманово воведе уште една телефонска линија 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.
Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од владата и од Општинскиот штаб за заштита и спасување).
Општина Куманово воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.
Сите други информации граѓаните ќе можат да ги добијат на бројот на Општинскиот штаб за Заштита и спасување – 078 365 061.