Во Куманово дури 23 новозаразени од коронавирусот, вечерва ќе се знае за битолчанецот и жената од Лабуништа

Во Куманово се работи интензивно, будно ја следиме состојбата. Земени се повеќе материјали во однос на претходните денови, но многу е рано да се каже дали е ова драматично зголемување на заболени од коронавирусот. Ги следиме случувањата во градовите и ќе се донесат и други мерки и решенија, доколку е потребно, па дури и за одредени делови во државата - појасни Филипче.

828

Во Куманово има драматично зголемување на бројот на заразени со корoнавирусот – има  дури 23 новодијагностицирани, па дали во овој или и во некои други градови ќе се воведат поригорозни мерки за заштита на населението, се интересираа денеска новинарите на прес-конференцијата на министерот Филипче.

–  Постојните мерки кои се донесени се доволни, но во секојдневна комуникација сме со Комисијата за заразни болести и ако има потреба мерките ќе се прошируваат. Mислењето на Комисијата за заразни болести во овој момент е дека мерките се сосема доволни. Во Куманово се работи интензивно, будно ја следиме состојбата. Земени се повеќе материјали во однос на претходните денови, но многу е рано да се каже дали е ова драматично зголемување на заболени од коронавирусот. Ги следиме случувањата во градовите и ќе се донесат и други мерки и решенија, доколку е потребно, па дури и за одредени делови во државата  – појасни Филипче.






Тој информираше дека денеска попладне се очекуваат резултатите од тестирањето на двајца пациенти. Еден е од Битола, а вчера починал дома, откако бил во самоизолација 14 дена и жената од Лабуништа, која исто така вчера починала.

– Материјалите за анализа кај двајцата биле земени непосредно по смртта – рече Филипче.

Министерот повтори дека пикот на вирусот кај нас се очекува да биде на крајот на април, а дали поради порастот на бројот на новозаразени пикот може да се случи малку порано, ќе можело да се процени кон крајот на неделата.

 

 

 

 

Поврзани содржини