Во крушевско запленети 60 килограми марихуана (ФОТО)

Лишени од слобода се Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога.

331

Вчера (19.12.2020) од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од ОВР Прилеп се лишени од слобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога.

– Имено, поради постоење основи на сомнение дека во викенд куќа во с.Врбоец, крушевско, се наоѓа поголема количина наркотична дрога марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на правно лице од крушевско за производство на медицински канабис, со наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во викенд куќата, при што се пронејдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана.  При претресот било затекнато едно лице кое се дало во бегство, но за кратко време било лишено од слобода, при што е констатирано дека станува збор за Т.С.(22) од Скопје – се вели во соопштението од МВР.






Оттаму додаваат дека со судска наредба од Основен суд-Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С.(23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана.  В.К. и Р.К. биле лишени од слобода.

– На приведените лица, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, им е одредена мерка притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение дека како организирана криминална група сториле кривично дело предвидено и казниво по член 215, ст.3 од Кривичниот законик – информираат од министерството.

Истрагата на Одделот за криминалистичка полиција продолжува и во текот на денешниот ден, во соработка со Министерството за здравство, при што во моментов се врши инспекциски надзор на правното лице за производство на медицински канабис.

Поврзани содржини