ВО КРИВА ПАЛАНКА НАВРНАА 33 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР И утрово врне во поголемиот дел од земјава
Ноќеска локално, особено во источните делови, процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења.
Во текот на ноќта времето беше претежно облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните делови, процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења. Утрово е облачно со слаб локален дожд, информира УХМР.
Најмногу дожд наврна во Крива Паланка 33 литри на метар квадратен, 25 во Виница, 23 во Битола, 17 во Струмица, 16 во Скопје и Дојран, 14 во Берово, 12 Штип, 10 на Попова Шапка, девет Прилеп, а седум литри во Гевгелија.