Во критична состојба е навивачот кој падна од трибините на „Вембли“

Можеме да потврдиме дека гледачот кој падна од трибините веднаш по почетниот свиреж на мечот Англија – Хрватска, доби медицинска помош на самото место, а потоа беше пренесен во болница во критична состојба - изјави портпаролот на стадионот „Вембли“.

364

На вчерашниот натпревар на ЕВРО 2020 помеѓу Англија и Хрватска (1:0), се случи инцидент. Набргу по почетокот на мечот, еден навивач падна од трибините на стадионот „Вембли“, каде се одвиваше натпреварот. Сега тој е во болница, неговата состојба се проценува како многу сериозна.

– Можеме да потврдиме дека гледачот кој падна од трибините веднаш по почетниот свиреж на мечот Англија – Хрватска, доби медицинска помош на самото место, а потоа беше пренесен во болница во критична состојба. Ќе работиме со УЕФА за да осигуриме дека оваа ситуација е темелно испитана. Ние продолжуваме да ги следиме случувањата – изјави портпаролот на стадионот „Вембли“.






На натпреварот Англија – Хрватска присуствуваа 18.497 навивачи. Ова е прв натпревар на „Вембли“ од ноември 2019 година со публика на трибините.

Поврзани содржини