ОД КОРОНА СЕ ЛЕКУВААТ 18 ДЕЦА, А ДВЕ СЕ НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА Директорот на болницата во Козле вели дека состојбата е генерално стабилна
Во Институтот „Козле“ во моментов има вкупно 18 деца на возраст од бебиња до 18 години. Генерално, 70 отсто од нив се деца на возраст од 12 до 18 години. Во овој момент, на две од децата им е потребен кислород, а состојбата им е генерално стабилна, за порталот Алмакос изјави Бесник Зеќири, директор на болницата.
Вкупно 18 деца заразени со коронавирусот се лекуваат во Институтот за белодробни болести кај децата „Козле“, а две од нив се ставени на кислородна поддршка, информира за порталот Алмакос директорот на болницата, Бесник Зеќири.
Тој вели дека згрижените деца се во добра состојба.
– Болницата во последните недели е полна со родители и деца кои ги носат на преглед, поради различните вирози кои се јавуваат во овој период од годината. Но, само децата кои се позитивни на коронавирусот се примаат на болничко лекување. Во институтот „Козле“ во моментов има вкупно 18 деца на возраст од бебиња до 18 години. Генерално, 70 отсто од нив се деца на возраст од 12 до 18 години. Во овој момент, на две од децата им е потребен кислород, а состојбата им е генерално стабилна – изјави Зеќири.
Тој посочува дека во последните две недели, бројот на хоспитализирани деца не се спуштил под 15.
– Сега има помалку случаи на ковид-19 кај мали деца, а расте уделот на децата на училишна возраст меѓу згрижените – вели директорот, пренесува Алмакос.