Во ковид центрите во земјава се лекуваат 926 болни од ковид-19

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

167

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид центрите. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Според соопштеното, 398 пациенти се лекуваат во инфективните оддели во болниците во главниот град, додека во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат 527 лица.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти, додека на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 7 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не се  примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Моментално во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид-19  и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 11 болни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациент, во Штип – 54, Тетово – 20,  Велес – 62, Куманово – 63, Охрид – 60, Прилеп – 49,  Гостивар – 14,  Струга – 17,  Струмица – 54, Кочани – 22, Кичево – 15, Кавадарци – 26, и во Гевгелија 8 лица.

Поврзани содржини