Во ковид центрите се лекуваат 467 пациенти

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град

221

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 264 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информира Министерството за здравство

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациент позитивeн и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.






Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид 19 вирусот.

Вкупно 193 пациенти потврдени и сомнителни за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород.

 

Поврзани содржини