Во ковид центрите се лекуваат 1.667 пациенти
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.667 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 5 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид -19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.
Вкупно 697 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.