Во ковид центрите се лекуваат 1.085 пациенти
Вкупно 468 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 468 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.085 и има околу 757 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 468 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 4 примени пациенти и 4 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 177 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.
Вкупно 468 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.