Во ковид центрите има 101 лице болно од ковид-19
Според информацијата на Министерството за здравство во центрите има 530 празни болнички кревети.
На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава вкупната се лекуваат 101 пациент од ковид-19 и има околу 530 празни болнички кревети. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, информира Министерството за здрваство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени четири нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Четворицата пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ и во ГОБ 8 Септември немало приеми на нови пациенти.
На инфективните одделенија во главниот град вкупно се лекуваат 36 лица сомнителни и потврдени за ковид-19. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола има 4 пациенти, Штип – 4, Тетово – 2, Велес – 7, Куманово – 16, Охрид – 7 , Прилеп – 2, Гостивар – 8, Струга – 5, Струмица – 9 , и во Кичево 1. Во болниците во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани болни од ковид-19.