На инфективните оддели во земјава се лекуваат вкупниот 1.720 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот и во ковид-центрите има околу 240 празни болнички кревети.
Како што соопшти денеска Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ – Скопје имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има осум деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има девет позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.
Вкупно 686 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
– Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места – соопшти Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 82 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89 болни, а во Куманово 173 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 127, во ковид-центарот во Гостивар 42, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 23, Кавадарци 79, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на коронавирусот.
Од ресорното министерство посочуваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.