ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ НЕМАЛО ПРОТИВПОЖАРЕН АПАРАТ Сведок тврди дека не успеал да ги извлече татко му и брат му од пламените јазици
Емши Ибим сведочи дека шест дена наместо медицински персонал се грижел за болните татоко и брат.
Во ковид центарoт во Тетово немало ни противпожарен апарат, ниту пак систем за гаснење пожари, тврди Емши Ибим кој во моментот на пожарот бил таму и не успеал да ги спаси болните татко и брат.
За медиумите на албански јазик тој изјави дека во првиот миг од пожарот се обиделе да го изгаснат, но не нашле противпожарен апарат во модуларната болница.
– Баравме апарати за да го изгаснеме пожарот, но немаше ниту еден, ниту пак систем за гаснење пожари – вели Ибим.
Тој додава дека пожарот започнла од собата број 3, се проширил во двојката и стигнал до првата.
– Немавме можност ништо да направиме. За малку ќе останав и самиот внатре – вели тој.
Тој сведочи и дека шест дена се грижел за членовите на неговото семејство во болницата затоа што, како што вели, немало доволно персонал.