ВО КОСТУМ НА ЏОКЕР БОДЕШЕ ЛУЃЕ ВО ТОКИСКОТО МЕТРО По смртоносниот поход напаѓачот се одмарал со цигара
Неговиот мотив засега е непознат, но телевизијата Нипон објави дека осомничениот и рекол на полицијата дека бил инспириран од претходен случај на напад со нож во воз.
Напаѓачот, од токиското метро кој избоде најмалку 15 патници и го запали вагонот изјавил дека имал намера да убие колку што може повеќе луѓе за да биде осуден на смрт, објавија јапонските медиуми.
Неговиот мотив засега е непознат, но телевизијата Нипон објави дека осомничениот и рекол на полицијата дека бил инспириран од претходен случај на напад со нож во воз.
Во август, само еден ден пред церемонијата на затворање на Олимпијадата, 36-годишен маж избоде десет патници во еден воз. Подоцна и рекол на полицијата дека сакал да нападне жени кои му изгледале среќно.
Полицијата соопшти дека очевидците рекле дека напаѓачот кој има 20 години бил облечен во светла облека – зелена кошула, сино одело и виолетово палто што личело на Џокер од стрипот за Бетмен.
Според очевидец кој направил видео од него, напаѓачот откако ги избодел патниците и го запалил вагонот седнал на една од клупите во вагонот и запалил цигара.
たけしすげえ笑
本当に無事で何より😂 https://t.co/i6yFp3kCA2— 翔 (@Kakeru_N93) October 31, 2021
На социјалните мрежи вчера се споделуваа видеа на кои се гледа како патниците бегаат и скокаат низ прозорците од возот.
🔴 NON NOBIS | VÍDEO | #TOKIO | #JAPÓN 🇯🇵
☝️Incidente en la estación de tren de #Kokuryō, en Tokio, deja al menos seis heridos.
Un detenido por apuñalar a un hombre de 60 años e incendiar con gasolina el vagón de un tren.
🛎Telegram:
@espiritutemplario pic.twitter.com/zpvWZuGVaU— ☨ ⚜ Espíritu Templario ⚜ ✠ (@NonNobis10) October 31, 2021