Во Косово се изречени над 100.000 казни поради непочитување на ковид мерките

Казните биле во висина од 200 евра за физички лица и до 2.000 евра за правни лица.

156

Косовската полиција од 26 август до 30 декември годинава изрекла речиси 108 илјади казнени мерки поради непочитување на владините мерки за спречување на ширењето на епидемијата на ковид-19, објави приштинскиот портал „Газета експрес“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од Канцеларијата за информирање на Полицијата на Косово (ПК) во изјава за порталот велат дека во таа бројка се опфатени сите мерки, без оглед на делата за кои тие се изречени.






– ПК сите дејствија ги презема согласно нејзините законски овластувања (…) и на територијата на Република Косово од 26.08 до 30.12.2020 година изрече вкупно 107.971 пријава врз основа на законот, поради различни непочитувања на мерките во однос на пандемијата на ковид-19 – информираат од ПК.

Една од мерките предвидени со Законот за Спречување и борба против пандемијата е каната од 35 евра поради неносење заштитна маска, што е најчесто изрекувната санкција кон граѓаните.

Казни, во висина од 200 евра за физички до 2.000 евра за правни лица, се изрекувни и заради непочитување на одредбите со кои се забранува организирање на разни активности, како што се семејните прослави и манифестациите кои се санкционирани со закон.

Поврзани содржини