ВО КОПЕР ГРОМ УДРИЛ ВО ЧОВЕК Словенија зафатена од силно невреме

Невремето кое предизвика многу проблеми, на места беше проследено со силни налети на ветер и град, а во Копер под вода заврши Прешерновиот плоштад.

2,112

Гром удрил во човек на пристаништето во Копер, во силното невреме што ја зафати Словенија со особено силен интензитет во приморскиот дел. Ударот на гром го потврдиле и од Полициската управа Копер, објавија словенечките медиуми. Реанимацијата помина успешно, повредениот е хоспитализиран во Општата болница Изола, но повеќе детали за неговата здравствена состојба засега не се познати.

Според податоците на Агенцијата за животна средина (Арсо), денеска до 15 часот и 30 минути во Копер наврнале 173 милиметри дожд. Врнежи се прогнозираат и за следните неколку часа и утре, па од регионалниот штаб на цивилна заштита ги предупредуваат граѓаните да не се задржуваат во близина на реки и порои, бидејќи може нагло да се издигнат. Невремето кое предизвика многу проблеми, на места беше проследено со силни налети на ветер и град, а во Копер под вода заврши Прешерновиот плоштад.






Според податоците на Арса достапни на интернет, количеството на врнежи измерено денеска во Копер значително го надминува долгорочниот месечен просек на врнежите во август на крајбрежјето.

Делови од земјава останале без електрична енергија, голем дел од зградите биле поплавени, а на некои места паднал и град со големина на јајце, објави „24ур“.

Информативниот центар за сообраќај предупреди дека има одрони на одредени делници од патиштата на подрачјето меѓу Сеча и Изола и меѓу Драгоња и Копер.

Силно невреме со дожд и големи поплави кои однесоа и шест човечки животи, ја погоди Словенија и на почетокот на август.

Поврзани содржини