Во контејнер пронајдени вредни слики стари 350 години (ФОТО)

351

На паркингот во близина на германскиот град Нирнберг, еден човек во контејнерите пронашол две многу вредни масла на платно, стари 350 години.

Сликите се пронајдени на постојка за одмор на автопатот А7 на југот на земјата, објави германската полиција.






Анонимниот маж ги земал сликите и ги однел во полицијата во Келн.

– Првите проценки на експертите покажуваат дека двете слики би можеле да бидат оригинални –  велат истражувачите.

Една од сликите би можела да биде „Портрет на момче“ од Самуел ван Хогстратен, холандски сликар од 17 век, кој бил ученик на Рембрант, пренесува порталот Индекс.хр.

Вториот е најверојатно „Автопортрет на уметникот“ на италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

ФОТО: Твитер

 

Поврзани содржини