ВО КОМБЕ МУ НАШЛЕ 26 МИГРАНТИ Меѓу нив имало луѓе од Сирија, Пакистан, Египет и Индија
Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите побегнале, но набргу биле пронајдени и приведени.
Ноќеска во 02.40 часот по полноќ на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Г.(31) од Скопје затоа што во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица – мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.
Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите побегнале, но набргу биле пронајдени и приведени. Возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија, информира полицијата.