ВО КОЛОРАДО БЕСНЕЕ ПОЖАР ОД БИБЛИСКИ РАЗМЕРИ Огнената стихија опустоши површина од 6.000 хектари(Видео)
Огромните шумски пожари, најголеми во историјата на државата Колорадо, беа предизвикани од историска суша и силни ветрови.
Најмалку две лица исчезнале вчера откако страшен пожар опустоши цели населби во округот Болдер во американската сојузна држава Колорадо, јавува Си-ен-ен. Пожарот зафатил површина од околу 6.000 хектари.
„Имаме две исчезнати лица“, изјавила денеска Џенифер Черчил, портпарол на Бирото за итни случаи на округот Болдер, додавајќи дека потрагата по исчезнатите се уште е во тек. Имињата на исчезнатите не се објавени.
Официјалните лица еден ден претходно соопштија дека нема пријавено загинати како последица на пожарот. Шерифот на округот Болдер Џо Пеле тогаш рече дека едно лице за кое се сметало дека исчезнало во пожарот, било пронајдено.
– Цели населби во западниот дел на Супериор Сити и во стариот град целосно исчезнаа – рече Пеле на прес-конференцијата, додавајќи дека и јужниот дел на Луисвил е „катастрофално погоден“.
– Сегашната проценка е дека најмалку 500 домови се уништени. Не би бил изненаден ако има 1.000“ – додаде тој.
Властите наредија евакуација во четвртокот бидејќи пожарот брзо се приближил до предградијата Супериор и Луисвил.
– Повеќе предградија се уште се отсечени од светот бидејќи враќањето би било премногу опасно за жителите – рече вчера шерифот Пеле.
– Сè уште имаме активни пожари на неколку места, демолиравме електрични столбови, има многу ризици што се обидуваме да ги ублажиме. Ќе ги информираме жителите штом враќањето ќе биде безбедно – додаде тој.
Огромните шумски пожари, најголеми во историјата на државата Колорадо, беа предизвикани од историска суша и силни ветрови.