ВО КОЛАТА МУ НАШЛЕ 320 ЛИТРИ АЛКОХОЛ БЕЗ ДОКУМЕНТИ Приведен возач од неготинско
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот била известена Царинската управа.
Полициски службеници вчера попладне го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско, откако при претрес во неговиот „мерцедес” била пронајдена и одземена акцизна стока. Во возилото тој пренесувал 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот била известена Царинската управа, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.