Во кои државни амбуланти може да се тестираат скопјани на ковид-19

361
Од денеска на 6 пункта во Скопје се се врши тестирање со брзи антигенски тестови.

Тестирањата се вршат во поликлиниките во Ѓорче Петров, Чаир,Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот ковид-19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.

Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето.

Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест.

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на ковид-19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

– Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на ковид-19 вирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и нивно навремено третирање и изолирање од околината. МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава – велат од Министерството за здравство.
Поврзани содржини