ВО КОЧАНИ ВЕЌЕ НЕ СЕ ВОДИ ИСТРАГАТА ЗА „ПУЛС“ Скопските обвинители го преземаат случајот за трагедијата

Од Обвинителството информираат дека се бара поголема ефикасност и единствена постапка за големата трагедија во која животот го загубија 62 млади лица.

120

Јавното обвинителство на Република Македонија донесе одлука со која Основното јавно обвинителство Скопје е определено како стварно и месно надлежно за постапување во предметот за пожарот што се случи во кочанската дискотека „Пулс“.

Како што информираат од Обвинителството, оваа одлука е донесена врз основа на Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд (КР-35/25), со кое и Основниот кривичен суд Скопје е определен како надлежен суд за предметот.






„Целта е да се обезбеди економичност и единственост на кривичниот прогон, со оглед на тоа што за одредени осомничени се уште се води предистражна и истражна постапка“, соопштија од Јавното обвинителство.

Со ова решение, Основното јавно обвинителство во Кочани е задолжено да ги предаде сите списите и доказите од предметот на скопското обвинителство, кое понатаму ќе ја води целата постапка поврзана со трагичниот настан.

Поврзани содржини