Во Кочани нема повредени со изгореници, деветмина примиле кислородна терапија
„Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема повредени со изгореници“, соопшти Министерството за здравство.
Во добра здравствена состојба се деветтемина жители на Кочани кои синоќа завршија во болница поради вдишување чад за време на пожарот кој го зафати овој град, информираше Министерството за здравство.
Како што е наведено во соопштението, пациентите се пуштени на домашно лекување.
„Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема повредени со изгореници“, соопшти Министерството за здравство.