Во кланиците да се користат маски и да се држи растојание од еден ипол метри
Вработените, како што соопшти владината прес-служба, задолжително да носат заштитни маски, а оние во кланиците маската да ја менуваат на секои два до четири часа или во случај на нејзино оштетување или загадување со крв и друга нечистотија.
Во кланиците поради спецификата на производниот процес растојанието меѓу работниците да се одржува на еден ипол метар, а во производните погони до 2 метра, препорача денекса владата.
Вработените, како што соопшти владината прес-служба, задолжително да носат заштитни маски, а оние во кланиците маската да ја менуваат на секои два до четири часа или во случај на нејзино оштетување или загадување со крв и друга нечистотија.
– Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и приборот и опремата за работа). Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум пет лица, велат во соопштението и додаваат да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација) – велат од владата.
Оттаму додаваат дека треба и да се спроведува ДПП/ДХП базирани на HACCP принципите. Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19 на вработено лице (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа дома и се советува веднаш да го контактира својот матичен лекар.
– Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на Ковид-19 (име и презиме, адреса, тел.број) подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина ( до него, пред и позади ) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ – велат од владината прес-служба.
По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, додаваат, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.
– По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, се продолжува со нормалниот производствен процес – нагласуваат од владата.
Од Владата препорачуваат да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници, а во случај на потреба од административна работа потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици).
– Лицата задолжени за обезбедување на објектот и возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на оддалеченост еден од друг од еден ипол до два метра – велат од владата.