Во Кина се намалува бројот на новозаразени, расте бројот на асимптоматски случаи

311

Во Кина во последните 24 часа потврдени се уште шест нови случаи со Ковид-19, што е помалку од вчера, кога нивниот број изнесуваше десет. Вкупниот број на заразени лица изнесува 82.804, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Од новозаразените два се импортирани случаи, додека вчера беа шест.






Забележан е раст на бројот на асимптоматски случаи од 27 на 34.

Во Кина не се регистрирани нови смртни случаи, така што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 4.632.

Поврзани содржини