ВО КИНА РОБОТ ТЕ ТУЖИ, РОБОТ ТЕ СУДИ Компјутерска програма ќе одлучува кој е криминалец

Тимот ја изгради машината од постоечка алатка за вештачка интелигенција, злокобно наречена Систем 206. Обвинителите во Кина веќе го користеа системот за да помогнат во процената на доказите и да утврдат дали осомничениот криминалец е опасен за јавноста или не.

445

Главен јавен обвинител, или еден од обвинителите во градот Шангај во Кина ќе биде, верувале или не, алгоритам со вештачка интелигенција. Тој бил обучен да ги препознава осумте најчести криминали во градот со точност од неверојатни 97 отсто, пишува Футуризам. Сè што треба е кога има сомнителен случај, полицијата да го внесе извештајот за соминтелното дело и програмата ќе одлучи дали постои основ да се поведе обвинение.

„Системот може да ги замени обвинителите во процесот на донесување одлуки до одреден степен“, велат истражувачите во трудот објавен во „Менаџмент Преглед“.






А, најчестите осум криминали во Шангај се: измама со кредитни картички, коцкање, несовесно возење, намерен напад, попречување на полицаец, кражба, измама, па дури и политичко несогласување.

Тимот ја изгради машината од постоечка алатка за вештачка интелигенција, злокобно наречена Систем 206. Обвинителите во Кина веќе го користеа системот за да помогнат во процената на доказите и да утврдат дали осомничениот криминалец е опасен за јавноста или не.

Сепак, програмата е прилично ограничена бидејќи не може да „учествува во процесот на одлучување за поднесување обвиненија и [предлага] казни“, пишува во студијата. Тоа би барало вештачката интелигенција да може да идентификува и отстрани неважни информации во случајот и да го обработува човечкиот јазик во својата невронска мрежа.

Се разбира, има многу загриженост за моќниот компјутер кој ќе има способност да става луѓе во затвор. Еден адвокат рече дека со 97 отсто прецизност, „секогаш ќе има шанса за грешка“.

– Кој ќе преземе одговорност кога тоа ќе се случи? Обвинителот, машината или дизајнерот на алгоритмот? – изјави адвокатот за весникот.

Засега, вештачката интелигенција сè уште е во повој и допрва треба да биде широко распространета. Меѓутоа, ако неодамнешните трендови се некакви индикации, можеме да очекуваме дека компјутерите во иднина сè повеќе ќе ја вршат валканата работа на полицајците.

Поврзани содржини