Втор ден по ред Кина нема забележано ниту еден случај на новозаразен со коронавиру, иако од друга страна, бројот на „увезени“ случаи достигна рекорд. Токму затоа, сега главна грижа на кинеските власти е да избегнат заразените луѓе кои се враќаат на кинеска територија да создадат нов бран на епидемија. Министерството за здравство денес соопшти дека денес се пријавени рекордни 39 случаи во однос на 34-те од претходниот ден, со што бројката се искачи на 228.
Поради ризикот во повеќе градови и провинции, вклучувајќи го и главниот град Пекинг, воведени се строги санитарни контроли за сите луѓе кои пристигнуваат од странство со задолжителен карантин од 14 дена на посебно одредени места.