Во Кичево едно лице ја изгуби битката со вирусот, а едно ја доби
За среќа немаме новозаболени лица денеска во Киочево, но денеска за жал едно лице ја изгуби битката со вирусот. Исто така, имаме и регистриано едно оздравено лице - рече доктор Џабир Бајрами, член на општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Според податоците од Министерството за здраство во Кичево денеска нема нови лица заразени со коронавирус. Едно лице почина, а едно оздраве. Со ова вкупниот број заразени со ковид-19 во општината остана на 100, од кои 81 се активни, 14 се излекувани и пет лица се починати.
– За среќа немаме новозаболени лица денеска во Киочево, но денеска за жал едно лице ја изгуби битката со вирусот. Исто така, имаме и регистриано едно оздравено лице – рече доктор Џабир Бајрами, член на општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој апелира граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.