Во Кичево 28 лица во самоизолација, никој не го прекршил полицискиот час

306

Во текот на изминатото деноноќие во Кичево во целост се почитувал полицискиот час. Во истиот период, не се евидентирани кражби или сообраќајни незгоди, информираат од СВР-Охрид.

На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 283 лица во изолација, од кои 21 лице во Кичево.Од страна на полициски службеници, извршени се 72 контроли кај лицата во изолација, 11 во Кичево.






Моментно, вкупниот број на лица во самоизолација изнесува 380 лица, од кои во Кичево 28. Полициските службеници извршија 88 контроли на угостителски објекти.

Поврзани содржини