ВО КАРПОШ УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРСКА БАНДА Биле насилни и ограбувале во Градски парк
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.
Полициски службеници вчера во скопската населба Карпош уапсија шестмина тинејџери: Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18), како и тројца малолетници, сите од Скопје.
Тие се сомничат дека завчера околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана, од А.Т.(20) од село Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.
Во апсењето учестувале полициски службеници од ЕВР Карпош и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.