Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информира МВР.
– Само на територијата на Општина Карпош изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои 14 за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани возила и 24 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – велат од МВР.