Во Карпош изгоре барака поради заборавена греалка

Според првичните и неофицијални информации пожарот настанал поради заборавена греалка по организирана прослава.

1,243

Утрово во пожар изгоре барака во населбата Карпош 2 во Скопје.

Според првичните и неофицијални информации пожарот настанал поради заборавена греалка по организирана прослава.






Во полициска станица пожарот бил пријавен околу 7:30 утринава, на ул. Ругер Бошковиќ, при што целосно е изгорена една, а од огнот штета била причинета и на соседната барака. За среќа нема повредени.

Од противпожарната бригада информираат дека интервенирале 7 возила и 20 пожарникари, а огнот бил изгаснат по 2 часа по пријавата.

Поврзани содржини