ВО КАРПОШ ЌЕ СЕ ГРАДИ ПАМЕТНО И ХУМАНО Лукровски најави решенија за паркирањето и нови монтажни гаражи
Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ најави ревизија на урбанистичките планови и нови над 500 паркинг-места преку монтажни гаражи.
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, зборуваше за проблемите со урбанизацијата и недостигот од паркинг-места. Тој порача дека развојот на општините е неопходен, но мора да се одвива плански и хумано, без да се загрози квалитетот на живеењето во населбите.
– Потреба да се гради има и треба да се гради. Но, да градиме паметно, да градиме хумано, да градиме онаму каде што има простор, да правиме осмислени населби, како што тоа било направено пред 50-60 години. Во Карпош 1, 2, 3, 4, Влае и Тафталиџе нема простор за нови масивни градби кои ќе ја нарушат срединат – изјави Лукровски.
Тој најави дека ќе се направи ревизија на досегашните урбанистички планови и дека идните проекти ќе се подготвуваат заедно со жителите на општината.
Сè што е направено досега ќе се ревидира, а она што ќе се гради во иднина ќе биде заедно со граѓаните“, нагласи кандидатот.
Посебен акцент Лукровски стави на проблемот со паркирањето во Карпош, за кој најави системско решение. „Ќе ги обновиме паркинг-местата, ќе ги ставиме во функција запуштените гаражи и ќе се справиме со хаварисаните возила кои зафаќаат простор. Во програмата предвидуваме над 500 нови паркинг-места преку монтажни гаражи, а како најзагрозени ги издвојуваме Карпош 4, Лептокарија и Млечен“, изјави Лукровски.
Тој апелираше и граѓаните да бидат коректни во користењето на паркинзите: „Општината ќе го направи својот дел, но мора и сите ние како граѓани да покажеме одговорност.“