Во карантин без шминка: Славните убавици го покажаа „вистинското“ лице ФОТО

855

Но, не само што нашите sвезди се  покажаа во домашно издание. Холивудските sвезди го сторија истото, охрабрувајќи ги жените полесно да издржат деновите во изолација, без можност да го прикријат растот на косата, без стручни ножици кои ќе ги израмнат врвовите и без скапата дизајнерска облека што ја носат во свечаните прилики.

Во последните два месеци мораа сами да се грижат за својот изглед, а какви промени доживеале во изолацијата покажаа многу славни личности.






Холивудските ѕвезди објавија фотографии на Инстаграм без фризури и кармин, руменило, маскара и други  додатоци. Некои би рекле дека дури изгледаат поприродно, отколку со тешката телевизиска или филмска шминка.

На овој потег се одлучи и актерката Џулија Робертс (52), а голем број придружници коментираа дека дивата изгледа одлично и без шминка. Фотографијата собра повеќе од 400.000 лајкови за неколку часа.

Колку добро изгледа и без шминка покажа и нејзиниот колешка Гвинет Палтроу (47), која ги советуваше своите фанови за време на самоизолација дека треба да се грижат за својата кожа секој ден.

И една од најпознатите пејачкии во светот, Мараја Кери (50) позираше со „чисто лице“. Бидејќи е во карантин, таа одлучи да го извлече најдоброто од тоа, па на своите фанови им откри дека работи на нови песни.

Актерката Хали Бери (53) исто така ужива во самоизолацијата, која покажа дека не ѝ треба многу шминка за негуваната кожа. Следбениците коментираа дека без козметички препарати, таа изгледа барем десет години помлада.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини