Во канал пронајдено тело на двегодишно дете! Прво го ранил, па го тепал со пиштолот

Бил агресивен кон полициските службеници, па поради тоа заработил кривична пријава.

2,902

ПРОНАЈДЕНО УДАВЕНО ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО КАНАЛ – На 03.09.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на с.Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете. Лекар констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина -Скопје.

ВО КАМИОН НАЈДЕНИ 34 МИГРАНТИ – На 03.09.2020 во 21.20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во нас.Ајдучка чешма во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со  скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од с.Баница, струмичко, бил пронајден и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.






ПРОНАЈДЕН КОКАИН КАЈ ДВЕ ЛИЦА – На 03.09.2020 околу 21.45 часот во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Ф.(32) од гостиварско Беловиште и А.У.(32) од Скопје. Кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ОГРАБИЛЕ АПТЕКА ВО ТЕТОВО – На 03.09.2020 околу 11.35 часот на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.И.(27) од Гостивар и Д.Г.(45) од Скопје поради сомнение дека на 29-ти минатиот месец околу 18.50 часот извршиле разбојништво во аптека на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

УАПСЕН КРАДЕЦ НА ВЕЛОСИПЕДИ – На 04.09.2020 околу 05.00 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Х.Н.(19) од гостиварска Долна Бањица поради сомнение дека е извршител на повеќе кражби, најмногу на велосипеди.  По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

КАЗНЕТИ 52 ПЕШАЦИ ВО ТЕТОВО – На 03.09.2020 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола за прекршоци на пешаци, во која се откриени и санкционирани вкупно 52 прекршоци. Најголемиот број од прекршоците се однесувале на небезбедно преминување на улица и на непочитување на светлосни сообраќајни знаци. Покрај ова, откриени се и осум други видови прекршоци.

ПРВО СЕ СКАРАЛЕ, ПА ДОБИЛА ЌОТЕК – На 03.09.2020 во 16.40 часот во Полициската станица Карпош, А.М.(23) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот на ул.„Хелсинки“, по претходна расправија, била физички нападната од А.Ф.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРВО ГО РАНИЛ, ПА ГО ТЕПАЛ СО ПИШТОЛОТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.Д.(69) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 30.07.2020 во атар на с.Тркање, пријавениот со пиштол „застава М-70“ калибар 7,65мм пукал кон С.И. од Кочани и го погодил во нога, по што продолжил да го удира со метален предмет.

НАПАДНАТ ВРАБОТЕН ВО ГРАДСКИ ПАРКИНГ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(36) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 15.06.2020 на ул.„Илинденска“ во Тетово, пријавениот физички нападнал вработен во ЈК „Градски паркинзи“ – Тетово, а се обидел да нападне уште еден негов колега.

БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦЈАЦИ, ПА ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Д.(28) од с.Јажинце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и против Б.Д.(23) од с.Јажинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 27.07.2020 на ул.„БлагојаТоска“ во Тетово, првопријавениот се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службена дејност. Второпријавениот ги попречувал полициските службеници во извршување на службени задачи.

НАЈДЕН ХЕРОИН КАЈ ЛИЦЕ ОД ТЕТОВО – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Е.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.08.2020 на ул.„Киро Ристески Дрнц“ во Тетово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

МУ ПРОНАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.С.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.08.2020 полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА ВОЗИЛО – СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Н.(20) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 24.08.2020 година на Граничниот премин Табановце, пријавениот со товарно возило со приколка влегол во Република Северна Македонија, при што пред надлежните царински органи го пријавил за царинење само патничкото возило „пасат“, кое било на приклучното возило, без да ја пријави останатата роба од поголема вредност.

Поврзани содржини