Во Канада одобрена вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“
До крајот на декември, Канада треба да добие до 249.000 дози вакцина, што е доволно за вакцинирање на 124.500 лица.
Канада денеска ја одобри вакцината против ковид-19, што ја произведоа Фајзер и Бионтек, со што се отвори патот за нејзино нарачување и дистрибуција во државата.
Властите утврдија дека вакцината е ефикасна и безбедна за употреба.
Вакцината е одобрена во согласност со новиот систем на привремено нарачување, што овозможува издавање на лиценца. До крајот на декември, Канада треба да добие до 249.000 дози вакцина, што е доволно за вакцинирање на 124.500 лица.