„ВО КАЛИФОРНИЈА Е КАТАСТРОФА“ Џејми Ли Кертис донираше милион долари за оштетените во пожарите

Местото каде што живеам е во пламен во моментов. Гори целaта област Пасифик Палисадс. Сè отиде, па и училиштата во кои одат моите деца. Многу, многу, многу пријатели ги загубија своите домови. Едноставно, тоа е катастрофа, рече познатата актерка во гостување кај Џими Фалон.

689

Познатата актерка Џејми Ли Кертис донираше милион долари во фонд за оштетените во разорните шумски пожари кои веќе четврт ден беснеат во Лос Анџелес, јави Ројтерс. Гостувајќи во шоуто на Џими Фалон таа објасни дека заедно со сопругот и децата за да се основа фондот.

– Местото каде што живеам е во пламен во моментов. Гори целaта област Пасифик Палисадес. Сè отиде, па и училиштата во кои одат моите деца. Многу, многу, многу пријатели ги загубија своите домови. Едноставно, тоа е катастрофа – рече Кертис.






Досега 10 лица загинаа во пожарите во Калифорнија, а илјадници се оштетени. „Џеј Пи Морган“ ги процени штетите на 50 милијарди долари.

 

Поврзани содржини