Во Израел се врати животот, два дена нема починати од ковид-19
Плажите, кафулињата, рестораните, ноќните клубови стануваат пополни, маските веќе не се носат на отворено, а сè помалку во затворен простор, луѓето се собираат, се забавуваат, со еден збор, уживаат.
Израел веќе два дена нема починати од ковид-19. Вчера бројот на новозаболени беше само 85 луѓе.
По спроведената најбрза и најмасовна вакцинација од сите земји во светот, Израел живее нормален живот повеќе од еден месец. Плажите, кафулињата, рестораните, ноќните клубови стануваат пополни, маските веќе не се носат на отворено, а сè помалку во затворен простор, луѓето се собираат, се забавуваат, со еден збор, уживаат.
Покрај тоа, по повеќе од една година, Израел го дочека првиот ден во кој немаше смртни случаи. Четвртокот беше првиот, а петокот вториот ден без починат од ковид 19.
Бројот на новоинфицирани станува сè помал. Оваа недела, според сајтот „Светломер“, тој се движел меѓу 130 и 170.