Во Израел патентирана маска која се отвора кога јадете
Со притисок на рачка слична на кочница на велосипед се отвора предниот дел на маската за низ него да може да помине храна.
Израелски експерти дизајнирале тип на маска за заштита од коронавирусот со далечинска контрола на отвор кој овозможува да се земе храна без да се симне маската од уста, а тоа откритие ќе може посетата на рестораните да ја направи помачлку ризична.
Со притисок на рачка слична на кочница на велосипед се отвора предниот дел на маската за низ него да може да помине храна.
– Маската механички ќе се отвора рачно или автоматски – појаснува Асаф Гителис, потпретседател на компанијата Автипус патенти и изуми, демонстрирајќи ја употребата на маската во својата канцеларија во околината на Тел Авив.
Преку предвидениот отвор би требало да може да се јаде, а кога вилушката ќе ја извадите од уста, маската повторно ќе се затвори и така ќе продолжи да го заштитува корисникот од можна зараза која би ја пренеле други лица во околината.
Во компанијата која го патентирала овој изум велат дека производството го планираат за неколку месеци.
Мислењето на луѓето на кои им е покажано како маската функционира се различни.
– Мислам дека маската која ми дозволува да јадам додека ја носам е нешто што морам да го имам – вели Офир Хамеири.
Рон Слберстеин пак, додека лижел сладолед не бил воодушевен од новата маска. Тој смета дека не верува дека таквата маска би можела да биде употреблива во такви ситуации бидејќи се би капело по неа.
Извор: haaretz.com
What a time to be alive https://t.co/a8SLGNfBS4
— Haaretz.com (@haaretzcom) May 18, 2020