Во изолација се околу 200 граѓани, кај бебињата не се одложуваат вакцини

Иницијално беа набавени 1.000 тестови, околу 50-тина се потрошени и има уште 950, истакна Филипче.

527

Околу 200 граѓани во земјата се во изолација поради коронавирусот, но ќе се направи точна анализа, а епидемиолозите подготвуваат и ексел табела со точни времиња, тајминзи, на што се работи, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој наброја што уште ќе се набавува:






– Педесет респираторни машини, уште 1.000 тестови и два мобилни РТГ апарати за снимање на Инфективна клиника, за пациентите да не одат на Рендген институтот, ќе бидат набавени. Иницијално беа набавени 1.000 тестови, околу 50-тина се потрошени и има уште 950 –  истакна Филипче.

А дали редовната вакцинација во советувалиштата ќе биде одложена?

– Работат пунктовите за превентива, нема одложување на бебињата и предучилишните деца, а согласно прегледите и здравствената состојба кај училишните деца може да има одложување на периодот за примање на вакцина од еден до два месеци, меѓутоа тоа ќе го кажат експертите и по препорака ќе го добијат од Комитетот за имунизација – рече министерот.

Низ Скопје Филипче забележал дека на повеќе места се поставени средства за дезинфекција и апелираше тоа да го направи секој  – тоа е една од мерките со која се спречува ширењето на инфекцијата.

 

 

Поврзани содржини