Во Италија владее голем страв, но не само поради коронавирусот

Градоначалникот, сепак, оценил дека Милано го чека долг и тежок период, како и дека сè уште е рано за да профункционира сето она што функционираше пред епидемијата.

6,265

Сега ја оставаме здравствената епидемија зад нас и одиме да се соочиме со економско-социјалната епидемија, истакнал градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, додавајќи дека граѓаните во овој град се многу загрижени и токму затоа предупредува дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне доколку се распадне Милано.

Тој посочил дека во околината на Милано во моментов има околу 10.000 заразени со коронавирусот, а во самиот град околу 4.000 пациенти.






– Помалку се мачевме од Бергамо и Бреша. Но, ако се распадне Милано, тогаш ќе се распадне целиот здравствен систем на Ломбардија – истакнал Сала, додавајќи дека нема знаци оти ситуацијата во тој град се влошува, бидејќи луѓето сфатиле дека мораат да останат дома.

Тој, сепак, оценил дека Милано го чека долг и тежок период, како и дека сè уште е рано за да профункционира сето она што функционираше пред епидемијата.

– Немаме датум за потполно отворање на Милано, но ние се подготвуваме повторно да почнеме со животот. Потребен ни е план и полека ќе отвораме сектор по сектор. Размислуваме и за тоа како ќе работи јавниот превоз и метрото кога би имало повеќе луѓе на улиците. Дигиталната мрежа? Како ќе ги користиме стадионите, кината, театрите? Како ќе ѝ помогнеме на економијата во Милано? – рекол Сала.

Тој додал дека властите наскоро ќе се потрудат да ѝ помогнат на макроекономијата, но и на оние кои се занимаваат со култура.

Поврзани содржини