Во Италија повторно расте бројот на починати од коронавирусот, 743 за 24 часа

528

Дводневниот позитивен тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во Италија денеска е прекинат, со оглед на тоа што за 24 часа починаа 743 лица, пренесуваат италијанските медиуми.

Досега во Италија од овој вирус починаа вкупно 6.820 лица.

Исто така во пораст е и бројот на активни случаи на заразени лица, за 3.612, така што вкупниот број сега изнесува 54.030.






Од почетокот на епидемијата во Италија се регистрирани 69.176 заразени лица.

Шефот на Цивилната заштита Ангело Борели изјави дека, сепак, и бројот на излекувани е во пораст, односно 894 повеќе од вчера или вкупно 8.326.

Поврзани содржини