Во Италија наскоро тест со кој ќе се утврдува кој го прележал вирусот

Се поголем е притисокот да се открие кој бил изложен на вирусот и дали некои луѓе развиле имунитет за да ги олеснат строгите мерки што Владата ги постави за спречување на инфекцијата.

745

Сигурен тест на крвта за антитела за да се утврди кој веќе прележал  коронавирусот, ќе даде подобра слика за големината на италијанската епидемија и може да се направи за неколку дена, соопштија денеска научни советници на италијанската Влада.

Се поголем е притисокот да се открие кој бил изложен на вирусот и дали некои луѓе развиле имунитет за да ги олеснат строгите мерки што Владата ги постави за спречување на инфекцијата.






Франко Локатели, шеф на италијанскиот Висок здравствен совет, рече дека сигурен систем за тестирање на антитела што се користи на национално ниво допрва треба да биде идентификуван, иако веќе се предложени разни производи. Според него, научниците советници се надеваат дека за тој производ ќе имаат резултати „за неколку денови“. За целосна примена ќе биде потребен уште еден месец.

Поврзани содржини