ВО ИТАЛИЈА Е УАПСЕН СРБИН СО 16 ЛАЖНИ ИДЕНТИТЕТИ „Пинк пантерот“ речиси деценија успешно се криел од полицијата

Марковиќ често користел фиктивни имиња, со лажни места и датуми на раѓање. Тој користел и имиња слични на неговото, но секогаш доволно различни за да ги збуни полицајците кога, на пример, случајно го претресувале на улица, пренесува порталот „Ottopagine.it“.

6,941

Српскиот државјанин Бојан Марковиќ (38), кој е поврзан со меѓународната банда крадци „Пинк Пантер“, е уапсен во средата во Италија по 11 години криење од локалната полиција и од потерницата. Тој е осомничен дека извршил бројни грабежи во Италија, а со години успешно се криел зад дури 16 лажни идентитети!

Според италијанскиот портал „Ottopagine.it“, Марковиќ бил уапсен од карабинерите на Територијалниот оддел Мондрагоне. Тие објаснија и како дошле до српскиот бегалец.






– Инспекторите му влегоа во трага на Марковиќ по долги и макотрпни истраги на инспекторите за кражби во куќи и златарници – пишуваат локалните медиуми.

Меѓутоа, Србинот со години вешто се спротивставувал на апсењето бидејќи се криел зад лажни идентитети.

– Истрагата утврдила дека Србинот користел дури 16 лажни идентитети и на овој начин секој пат успевал да биде чекор понапред од полицијата. Често користел фиктивни имиња, со лажни места и датуми на раѓање. Тој користел и имиња слични на неговото, но секогаш доволно различни за да ги збуни полицајците кога, на пример, случајно го претресувале на улица – пренесува порталот „Ottopagine.it“.

Марковиќ во средата бил запрен од карабинерите на сред улица, а потоа по деталната проверка на неговите лични податоци утврдиле дека тој всушност е бегалец кој го барале повеќе од една деценија.

– Србинот е осуден на затворска казна од девет години, осум месеци и 27 дена, како и на парична казна од 3.200 евра, сето тоа поради бројни кривични дела, кои главно биле грабежи на луксузни станови и златарници. Тој е обвинет за кривични дела против имотот што ги извршил во провинциите Авелино, Касерта, Киети, Пезаро Урбино, Салерно и Сасари – наведува италијанскиот портал.

Поврзани содржини