ВО ИРАН ТЕМПЕРАТУРАТА ДОСТИГНА 50 СТЕПЕНИ Владата прогласи неработен ден поради жешкото време
Иран, поради многу високите температури, и во јули минатата година одреди еден ден како неработен, а во 2023 година два дена.
Иранските владини канцеларии, банки и претпријатија во Техеран нема да работат в среда, 23 јули, поради прекумерната топлина и со цел да се заштеди енергија, јавија денеска локалните државни медиуми.
Температурата во Техеран во изминатите неколку дена изнесуваше повеќе од 40 степени Целзиусови, а Владата ги советува граѓаните да останат во затворени простории за време на најтоплите делови од денот.
Весникот „Иран Дејли“ (Iran Daily) пренесе дека владината службеничка Фатемех Мохаџерани ги повикала граѓаните да ја намалат потрошувачката на вода и електрична енергија.
Иран, поради многу високите температури, и во јули минатата година одреди еден ден како неработен, а во 2023 година два дена.
Најтопол град во Иран во последните 24 часа беше Бораздан во провинцијата Бушер на југот на земјата, со максимална температура од 50 степени Целзиусови.