Во Иран починаа над 700 луѓе, кои со метанол се лекувале од ковид-19

460

Повеќе од 700 луѓе починаа во Иран од труење со метанол, за што погрешно мислеле дека лекува од ковид-19, соопшти иранското Министерство за здравство.

Советникот во Министерството, Хосеин Хасаниан, изјави дека бројот на починати од труење со метанол е поголем, бидејќи дел од жртвите починале во своите домови, а не во болница.






– Околу 200 луѓе починаа надвор од болниците – посочи Хасаниан.

Според иранското Министерство за здравство, во периодот од 20 февруари до 7 април починале 728 луѓе од труење со алкохол, додека нивниот број минатата година изнесувал 66.

Поврзани содржини