Во Иран над 32.000 лица заразени со Ковид-19, за еден ден нови 2.926 случаи

181

Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Иран се искачи на повеќе од 30.000, од кои приближно 2.400 луѓе починале, соопштија денеска иранските здраствени власти.

Според иранското Министерство за здраство во последните 24 часа во земјата се регистрирани 2.926 нови случаи, со што вкупниот број на заболени луѓе од Ковид-19 достигна до 32.332.






Во последното деноноќие во Иран починале 144 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 2.378.

Поврзани содржини