Во Ирак пронајдена масовна гробница со повеќе од 100 тела

Гробницата била пронајдена во понеделникот во селото Хамејдат, западно од Мосул, шест години откако ИД го самопрогласи калифатот, што се протегаше од источна Сирија до северен и западен Ирак.

292

Во северен Ирак е пронајдена масовна гробница,  во која се верува дека се закопани телата на повеќе од стотина лица, кои најверојатно биле убиени од припадници на Исламската држава во Ирак и Левант (ИД).

Гробницата била пронајдена во понеделникот во селото Хамејдат, западно од Мосул, шест години откако ИД го самопрогласи калифатот, што се протегаше од источна Сирија до северен и западен Ирак.






– Форензичарите почнаа истрага, но епидемијата на коронавирусот ги запре ископувањат -, изјавија официјални лица во Мосул за американските медиуми.

Идентификацијата на телата не е почната, но се претпоставува дека станува збор за шиитски осуденици кои биле извадени од локалниот затвор од страна на припадниците на ИД и убиени набрзо откако го зазеле Мосул во јуни 2014 година.

Припадниците на ИД се претпоставува дека убиле до 600 затвореници, претежно шиити, додаваат западните агенции

Поврзани содржини