Во интерес на минералната безбедност

После неколку милениуми Македонија која инаку е позната како рударска држава и која развила неколку рударски градови денес распната на раскрсницата дали да си ја сочува и развива државата или пак да им остави простор на личности (екологисти кои соопштуваат невистини во јавноста) кои воопшто немаат чувство за тоа што е државност и кои само од лични финансиски лукративни причини пробуваат да го сопрат нејзиниот развој.

104

Жан-Пол Шарл Ајмар Сартр, француски филозоф, драматург, романсиер, сценарист, политички активист, биограф и литературен критичар, кој се смета за водечка фигура во француската филозофија и марксизам од 20 век. Сартр кој е една од клучните фигури во филозофијата на егзистенцијализмот ќе изјави: „Луѓето кои се свесни интелектуално ретко можат да се злобни, зашто злото е зависно од глупоста и ограничената перцепција“.

За жал, Македонија е на раскрсницата на мислите на овој великан и мора да одбере интелектуалци или пак злобна глупост и ограничена перцепција.






Затоа денес мораме да се соочиме со одговорот на следново прашање: Какво значение имале, имаат и ќе имаат металичните минерални суровини врз државотворноста на Македонија?

Македонија поседува неколку клучни металични елементи од кои најбарани во иднината се следниве:

– Злато, достигнува цени кои го шокираат светот ама во еден момент ќе сопрат.

– Бакар, достигнува цени, кои го шокираат светот ама нема да сопрат.

Да се вратиме низ вековите.

Научно е докажано дека најстариот рудник на светот е пронајден во Свазиленд кој работел пред 250 илјади години. На Балканот и тоа во близина на северната граница на Македонија најстариот рудник кој работел е од пред 5 илјади години. Овој рудник е за бакар и злато. Впрочем, геолозите секогаш докажувале и имаат намера и во иднина да докажуваат дека Македонија е на патот на бакарната рудна жица која води до Кипар, кој го има добиено името токму од Cuprum (Бакар на латински).

Затоа нема никаква случајност во денешницата кога Европската Унија го постави бакарот како една од најважните стратешки металични суровини за развој на нејзината иднина.

Бакарот како метал најмногу го развил светот и затоа со него се поистоветуваат повеќе периоди од почетното Бакарно до крајното Бронзено време, како предвесник на сите технолошко-културолошки развојно револуционерни битисувања во иднината.

Историчарите докажале дека митот за огромното богатство на цар Соломон и неговите рудници за злато и бакар во областа Охер е всушност вистина. Неговата историја е запишана на документ од тоа време, не на папирус или на камен или пак на глинена плоча, туку на постамент направен од бакар каде се зборува за патиштата на златото, среброто и нормално на бакарот. Токму овој за многумина можеби митолошки, а сепак реален владетел го развил рударството и пред сѐ употребата на бакарот во непроценливи научни сознанија од кои би можеле да ги употребиме следниве, го изградил своето Јудејско царство со центарот Ерусалим, ја воздигнал за тоа време до совршенство сопствената војска и го развил земјоделието.

После неколку милениуми Македонија која инаку е позната како рударска држава и која развила неколку рударски градови денес распната на раскрсницата дали да си ја сочува и развива државата или пак да им остави простор на личности (екологисти кои соопштуваат невистини во јавноста) кои воопшто немаат чувство за тоа што е државност и кои само од лични финансиски лукративни причини пробуваат да го сопрат нејзиниот развој.

И додека ние полемизираме и размислуваме какви чекори да преземеме еве како функционира моменталниот претседател на Соединетите Американски Држави, г-динот Доналд Трамп.

„Со новата одлука, Белата куќа тврди дека ‘премногу обременувачките’ барања би можеле да турнат кон затворање на веќе малубројните топилници и да ја зголемат зависноста од странска преработка –па затоа дава привремено регулаторно олеснување ‘во интерес на минералната безбедност’“.

Оваа одлука доаѓа по низата чекори со кои Трамп го издигна бакарот во врвните приоритети на индустриската политика.

Во исто време претседателот Трамп најави поддршка на Австралија од неколку милијарди американски долари за развој на геолошко-рударско-металургиски комбинати за добивање ретки метали, со кои би ја намалил зависноста на членките на НАТО, неговите сојузници и нормално другиот сојузнички свет наспроти Народна Република Кина која без да почитува ниту едно правило за зачувување на животната средина, стана лидер на сопствеништво на ретки метали.

Но сепак посетата на Трамп на Царството Јапонија и неговиот договор со нивната нова премиерка почитуваната Санае Такачи, за трговија и ретки метали само ја продлабочи упорноста на западниот свет дека нема да се поклони на монополското однесување на оние кои само во моментов мислат дека се во супериорна положба, мислам на Кина.

Токму Јапонија разви нова технологија во која се употребуваат нанороботски роеви кои вадат ретки метали од подземјето без да ја оштетуваат земјата.

Научниците од Јапонија со оваа хипер нова достапна технологија можат да извлекуваат ретки метали од карпести слоеви без минирање, дупчење или големи еколошки разурнувања.

За оваа технологија има уште многу да се слуша и не случајно Европската Унија во 2024 година во нејзината стратегија за ретки метали се изјасни колку ќе биде цената.

Како Македонија ние мора да се држиме на традиционалното рударство каде го фаќаме чекорот со она што се вика нормална достапна технологија пред сѐ во начинот на откривање на металот-геологија, начинот на ископување на истиот, рударство и начинот на употреба на екстрактивна металургија за добивање метал.

Имаме капацитет за да им дадеме на следните генерации можност да ја дочуваат оваа држава.

Поврзани содржини