Во Индија во вагони ќе се изолираат заразени со коронавирус

Планот е секоја недела по десет вагони да се претвораат во единици за изолација на пациентите заразени со коронавирусот. Се уште не е познато по колку лица ќе бидат сместени во вагоните.

224

Во Индија некои железнички вагони ќе бидат адаптирани во изолациски единици за пациенти заразени со коронавирус, во период кога властите во оваа земја се подготвуваат за пораст на бројот на заразени.

Индиската железница денеска соопшти дека еден вагон е претворен во карантин кој ќе биде користен. Планот е секоја недела по десет вагони да се претвораат во единици за изолација на пациентите заразени со коронавирусот. Се уште не е познато по колку лица ќе бидат сместени во вагоните.






Во Индија се прекинати железничките линии, поради што голем број работници кои патуваат од селата во градовите со воз останаа без работа.

Поврзани содржини